Лавров предпреди на тензиите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека тензиите меѓу Северна Кореја и САД можат да излезат од контрола. Лавров побара воздржаност откако Северна Кореја соопшти дека ги ставила во состојба на готовност ракетните системи за напади врз американска територија и врз американските воени бази на Пацификот и во Јужна Кореја.
Ова, како што соопшти Пјонгјанг било одговор на, како што се наведува, американското покажување сила кога два стелт бомбардера, во рамките на заедничките воени вежби со Јужна Кореја, фрлиле маневарски бомби врз цели во близина на границата со Северна Кореја.