Серија бомбашки напади врз шиити во Ирак

Најмалку 19 луѓе загинале, а околу 100 биле ранети во серија напади со автомобили бомби врз шиитски џамии во Багдад и во Киркук, соопшија претставници на ирачки безбедносни служби. До експлозиите дошло во време на петочните молитви и во период од еден час. Засега никој не ја превзел одговорноста за нападите, но сунитските милитанти, поврзани со Ал Каеда честопати изведуваат вакви акции против шиитите.