Монструмот од Грбавица осуден на 45 години затвор

Веселин Влаховиќ

Судот во Босна и Херцеговина денеска му изрече казна затвор од 45 години на Веселин Влаховиќ, поранешен припадник на пара-воените сили на босанските срби. Влаховиќ, познат и како “монструмот од Грбавица”, е прогласен за виновен за 31-но убиство, силување на најмалку 13 жени, како и за тортура и ограбување на цивили во делови од Сараево кои биле под српска контрола за време на војната во БиХ од 1992-ра до 1995-та година. Тој беше уапсен во Шпанија во 2010-та година и екстрадиран во Босна.