Романците ги празнат банките стравувајќи од кипарско сценарио

Кипарски банки

Во Романија е забележано нагло повлекување пари од штедачите, соопшти гувернерот на Централната банка Мугур Исареску. Тоа се доведува во врска со ситуацијата на Кипар, откако властите во Никозија се согласија со барањата на меѓународните кредитори за оданочување на депозитите над 100 илјади евра. Голем број штедачи во Романија ги повлекуваат своите пари поради страв од евентуален ист притисок врз Букурешт да го прифати кипарскиот пакет антикризни мерки. Гувренерот Исареску изјави дека немало никаква сличност меѓу ситуацијата на Кипар и во Романија.