Наградата на МИМ ќе го носи името на Никола Младенов

Никола Младенов

Наградата за најдобра истражувачка сторија што ја доделува Македонскиот институт за медиуми ќе го носи името на новинарот и сопственик на весникот Фокус Никола Младенов.
Во знак на почит кон делото на прерано починатиот колега Никола Младенов и неговиот огромен придонес за развојот на македонското новинарство, слободната мисла и демократијата во Република Македонија, Македонскиот институт за медиуми одлучи Наградата за најдобра истражувачка сторија на годината да го носи неговото име и да гласи - Награда за најдобра истражувачка сторија на годината „Никола Младенов“, се вели во соопштението од МИМ. Институтот ја доделува наградата од 2001 година.