Мендела позитивно реагира на лекарскиот третман

Нелсон Мендела

Кабинетот на јужоафриканскиот претседател Јакоб Зума соопшти дека Нелсон Мендела позитивно реагира на третманот за лечење на инфекцијата на белите дробови. Поранешниот претседател на земјата синоќа беше хоспитализиран. Според соопштението, Мендела ќе остане во болница и ќе продолжи со третманот.
Мeндела во почетокот на месецов беше на контрола, откако во минатиот декември мина три недели во болница.