Хрватска ќе воведе визи за Русија и Турција

Хрватска од 1 април ќе воведе визи за граѓаните од Русија и Турција. Министерката за надворешни работи Весна Пусиќ изјави дека земјата е обврзана на тоа, поради правилата на ЕУ. Но, според неа, избран е најлибералниот модел во рамките на стандардите на Унијата.