Отворени банките на Кипар

Банките на Кипар денеска повторно беа отворени по нивното скоро двонеделно неработење, односно од почетокот на финансиската криза во таа земја. Повеќето сметки беа замрзнати на 16 март со цел да се спречи големо повлекување пари додека Кипар и меѓународните кредитори го договараа спасувачакиот пакт. Пред банките имало големи редици граѓани, како и вооружени стражари со цел да спречат евентуални инциденти. Министерството за финансии издаде декрет со стриктни правила, според кои штедачите немаат право дневно да повлечат повеќе од 300 евра од банките, а забрането е и кеширање на чекови и користење на кипарски кредитни картички во странство.