Американски бомбардери над Јужна Кореа

Американски стелт бомбардери за прв пат извеле боено гаѓање над Јужна Кореа. Бомбардерите од типот Б2 долетале вчера од Мисури до Јужна Кореа каде што го извршиле гаѓањето по што се вратиле во Соединетите држави, лет долг над 20 илјади километри. Мисијата била во рамките на заедничките воени вежби на Соединетите држави и Јужна Кореа што ќе траат до крајот на април.