Загина новинарот и сопственик на Фокус Никола Младенов

Никола Младенов

Новинарот и сопственик на дневниот весник и неделник Фокус Никола Младенов загина во собраќајна несреќа во близина на скопската населба Хиподром. Како што јавија македонските медиуми ова е потвредено од семејството и од редакцијата на Фокус.
Министерството за внатрешни работи потврди дека се случила собраќајна несреќа, но засега се уште не го соопштува идентитетот на жртвата.