До ДИК пристигнале 428 приговори

Локални избори 2013. Гласање.

До Државната изборна комисија пристигнале 428 приговори на изборниот процес од страна на политичките партии во законски предвидениот рок од 48 часа по затворањето на гласачките места. Најголем дел од приговорите односно 373 има поднесено СДСМ и тоа над 70 во Охрид, над 60 во Радовиш, околу 40 приговори во Ресен, 80 во Аеродром.
Демократската обнова на Македонија поднела 38 приговори, Демократската партија на Албанците три, НДП еден, Обединети демократски сили на Ромите четири, Демократската партија на Турците четири и ВМРО-ДПМНЕ пет од кои три во Струмица и два приговора во Кичево за две избирачки места.