Повлечени стотици милиони евра од филијалите на кипарските банки

Стотици милиони евра се повлечени од кипарските банки преку нивните филијали во Лондон и Москва, јави денеска грчката телевизија Мега. Според телевизијата, гувернерот на кипарската Централна банка, Паникос Димитриадис бил подолжен на остри критики, бидејќи во екот на кризата одобрил да продолжат со работа филијалите на Банката на Кипар и Кипарската народна банка во Лондон. Повлекувањето на стотици милиони евра од филијалите на кипарските банки во странство било оправдано со неопходноста од купување хуманитарна помош, лекарства или гориво за авионите.