ЕУ ќе издвои 273 милиони евра за Западен Балкан

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе

Европската комисија за земјите од Западен Балкан ќе издвои речиси 273 милиони евра за периодот од 2012-2013 година. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави дека фондот е добра вест со оглед на тоа што регионалната соработка е централен елемент во напорите на Унијата за унапредување на реформскиот процес во земјите од Западен Балкан.
Според него, средствата ќе му помогнат на регионот да постигне економски просперитет и политичка стабилност.