Северна Кореа со предупредување до Јужна Кореа

Северна Кореа упати предупредување до претседателот на Јужна Кореа Парк Геун Хие да внимава што зборува откако тој побара од Пјонгјанг да го смени курсот и да се откаже од нуклеарното оружје. Во изјавата пренесена од севернокорејската државна новинска агенција Северна Кореа бара од Парк да се однесува со дискреција за да избегне, како што се наведува, страшна катастрофа. Вчера Пјонгјанг соопшти дека ракетите ги има насочено кон американските бази на Тихиот Океан. Пентагон одговори дека е подготвен на секаква непредвидена ситуација. Соединетите држави и Јужна Кореа изведуваат заедничка воена вежба која ќе трае до крајот на април.