ДИК: втор круг во 29 општини и во Град Скопје

Во 51 општина е завршено гласањето во првиот круг од локалните избори, во 29 општини и Градот Скопје ќе се одржи втор круг гласање. За сите 80 општини се објавени освоените советнички мандати, а за градот Скопје се очекува денеска да бидат соопштени мандатите за советници, соопшти синоќа на прес - конференција претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко.
Сите објавени резултати, истакна тој, се врз основа на записниците од Општинските изборни комисии и се првични и неофицијални.
Кондарко потврди дека синоќа до 19 часот истекол законскиот рок за поднесување приговори за повреди на постапката за гласање. Според него, до архивата на ДИК се пристигнати повеќе стотици приговори од повеќе партии, а најмногу од опозицијата.
На новинарско прашање зошто долго се чекаше на резулатите во општина Центар, претседателот на ДИК одговори дека Општинската изборна комисија во 6 избирачки места правела дополнителни проверки во записниците на Избирачките одбори.