Членките на БРИКС ќе основаат развојна банка

Лидерите на земјите членки на БРИКС на Самитот во Њу Делхи во минатата година

Членките на групата БРИКС ќе основаат развојна банка со која ќе им конкурираат на западните институции како Светската Банка или Меѓународниот монетарен фонд. Лидерите на Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка треба да се сретнат утре во Дурбан, кога официјално на Самитот ќе биде соопштена нивната одлука.
На Самитот се очекува да стане збор и за трговската соработка меѓу земјите-членки на БРИКС.