Продолжува претресот на руските невладини организаци

Седиштето на Меморијал во Москва

Руските власти извршиле претрес и на други ограноци на организацијата за човекови права Меморијал во Москва. Потпаролката на организацијата Јулија Климова изјави дека даночната полиција запленила голем број на документи за време на претресот. Според неа, полицијата била заинтересирана за документите поврзани со регистрацијата и финансиите на организациите.
На десетици невладини организации во 16 руски региони им бил извршен претрес за да се утврди дали тие работат согласно законот за странско финансирање.