Ослободени двајцата киднапирани туристи во Египет

Една норвежанка и еден израелец кои беа киднапирани во Египет во петокот, биле ослободени со помош на бедуински водач, јави државната агенција МЕНА. Двајцата туристи беа киднапирани додека патувале од Дахаб кон Таба на брегот на Црвено Море. Бедуините често киднапираат странски туристи со цел да издејствуваат од властите во Египет ослободување на нивни припадници од затвор. Безбедноста на Синајскиот полуостров е нарушена од соборувањето на Хосни Мубарак пред две години.