Обдукцијата на Березовски укажува на бесење

Полициска кола во близина на куќата на Березовски.

Обдукцијата на рускиот олигарх Борис Березовски укажува на бесење, соопшти британската полиција. Полицијата соопшти дека обдукцијата на телото на рускиот милијардер не „најде ништо што укажува на насилна борба“, но сепак не прецизираше дали Березовски се обесил. Полицијата вели дека се потребни дополнителни тестирања, вклучувајќи и токсиколошки прегледи кои треба да се спроведат, кои би можело да траат со недели. Березовски, кој беше познат како критичар на Кремљ, беше пронајден мртов во саботата во својот дом во близина на Лондон.