Пакистан-шефот на армијата се сретнал со Кери во Јордан

Пакистанскиот шеф на армијата генералот Ашфак Первез Кајани

Пакистанскиот шеф на армијата генералот Ашфак Первез Кајани остварил средба со американскиот државен секретар Џон Кери. Според соопштението, тие на вчерашната средба во градот Аман во Јордан разговарале за процесот на помирување во Авганистан и за безбедносни прашања кои се однесуваат на јужно азискиот регион.