Саркисјан го повика на дијалог неговиот противкандидат

Ерменскиот претседател Серж Саркисјан

Ерменскиот претседател Серж Саркисјан изрази подготвеност за дијалог со неговиот против кандидат на изборите Рафи Хованисијан. Во соопштението Саркисјан го повикува Хованисијан да го прекине двонеделниот штрајк со глад. Пораката на Саркисјан е одговор на писмото на Хованисијан во кое тој понуди да ја признае победата на Саркисјан на претседателските избори само ако се одржат парламентарните избори до крајот на годинава.