Стилианидис-банкарските депозити ќе бидат скратени за 30 отсто

Потпаролот на кипарската Влада Христос Стилианидис изјави денеска дека земјата го избегна банкротот, кој би бил катастрофален, бидејќи би довел до излез на Кипар од еврозоната. Според него, спогодбата дава можност за рестартирање на економијата на островската држава.
Во интервју за кипарското радио РИК Стилианидис истакна дека банкарските депозити над сто илјади евра во Банката на Кипар ќе бидат скратени за околу 30 отсто.