Продолжува контролата на невладиниот сектор во Русија

Директорот на Амнести интернешнал во Русија Сергеј Никитин

Во Русија продолжува претресот во канцелариите на невладините организации, вклучувајќи ја и онаа на Амнести интернешнал во Москва. Директорот на канцеларијата Сергеј Никитин изјави дека претставници на обвинителството и на даночната полиција денеска непланирано пристигнале во канцеларијата на Амнести интернешал барајќи копии на сите документи. Слична акција била спроведена и во седиштето на руското движење „За човекови права“.