Ирак ќе игра фудбал на домашен терен по пауза од две години

Ирачката репрезентација во фудбал.

Националниот фудбалски тим на Ирак во вторник ќе игра пријателски натпревар во Багдад против Сирија, само на пет дена откако ФИФА ја укина забраната за натпреварување на Ирак. Ирак досега на „домашен“ терен играше натпревари во Катар, поради лошата организација на натпреварот против Јордан во септември 2011 година. Натпреварот доцнел заради проблеми со електричната енергија, а на стадионот имало многу повеќе гледачи отколку што бил капацитетот на стадионот во Ирбил.