Јахјага-Косово денес е фактор на мир и стабилност во регионот

Косовската претседателка Атифете Јахјага

Косовската претседателка Атифете Јахјага по повод 14 годишнината од воената интервенција на НАТО на Југославија изјави дека 24 март претставува еден од најважните датуми во историјата на Косово. Според неа, војната на Ослободителната војска на Косово ја продлабочила свеста на светот и ја потикнала одлуката за хуманитарната интервенција на НАТО.
Со благодарност кон НАТО, кој придонел да се „запре геноцидот кон еден народ“, Јахјага наведува дека Косово денес е фактор на мирот и стабилноста во регионот и дека е независна и суверена држава.