Полицијата не нашла докази за вмешаност во смртта на Березовски

Борис Березовски

Британската полиција соопшти дека нема привични сознанија дека некој бил вмешан во смртта на рускиот олигарх Борис Березовски. Инспекторот Кевин Браун изјави дека полицијата засега нема докази за инволвираност на трета страна и дека се уште нема објаснување за причината за неговата смрт.
Березовски кој живееше во егзил во Британија, вчера беше пронајден мртов во неговата куќа во близина на Лондон.