Битола - Кандидат за советник повикан на сослушување во полиција

Кандидат на политичка партија за советник во Битола се пожалил дека бил повикан на сослушување во полициска станица каде бил и претресуван, јави дописникот на РСЕ од Битола.
Нему му било речено дека бил пријавен од член на друга партија за обид за поткуп на гласачи.
При претресот не било ништо пронајдено и тој бил пуштен на слобода. Битолската полиција потврди дека едно лице било повикано на разговор во врска со изборниот процес.