Катар бара лидерот на сириската опозиција да ја преиспита одлуката

Сирискиот опозиционен лидер Моаз Алхатиб

Катарскиот премиер и министер за надворешни работи шеикот Хамад бин Џасем ал Тани изјави дека жали што сирискиот опозиционен лидер Моаз Алхатиб решил да ја напушти функцијата и го повика да ја преиспита неговата одлука.
Алхатиб изјави дека ги обвинува светските сили, затоа што не им овозможиле на сириските бунтовници да се одбранат себеси во борбата против режимот на претседателот Башар ал Асад.