Протести на опозициски активисти во Белорусија

Протестите во Белорусија за одбележување на денот на независноста

Неколку стотици опозициски активисти протестираа денеска во Минск и покрај силното полициско обезбедување со цел да го одбележат „Денот на слободата“ . Протестот во знак на 95 годишнината од независноста на Белорусија бил организиран од неколку опозициски групи, кои беа забранети по референдумот во 1995 година, по кој властите создадоа нови национални симболи, како знамето на земјата.
Некои од демонстрантите носеле слика на политички затвореници, барајќи нивно ослободување.