Во Куманово и околните општини, без проблеми

Во Општината Куманово до 10 часот гласањето се одвива без никакви нерегуларности, во мирна и демократска атмосфера. Излезноста е 10 отсто од вкупно запишаните гласачи, велат во Општинаската изборна комисија.

Во Општината Липково до 10 часот гласале 7 отсто од граѓаните, а не се регистрирани никави нерегуларности, соопштија од Општинската изборна комисија.

Во Општината Старо Нагоричане гласале околу 17 отсто од гласачите, а до 10 часот не се регистрирани никакви нерегуларности,според Општинската изборна комисија.