Пакистан-поранешен судија на премиерската функција

Изборната кампања започна во Пакистан

Пакистанската изборна комисија соопшти дека поранешниот судија во Врховниот суд Мир Хазар Кан Косо ќе ја извршува премиерската функција до изборите на 11 мај. Комисијата го избра Косо пред другите четворица кандидати предложени од претходната влада и од опозицијата.
Тој беше номиниран за функцијата од страна на Пакистанската народна партија.