Обама ја заврши посетата на Блискиот Исток

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама го заврши неговото четиридневно патување на Блискиот Исток со посета на Јордан и древниот град Петра. Во претходните денови Обама го посети Израел и палестинските територии. По разговорите со кралот Абдула во петокот Обама вети дополнителни 200 милиони долари за Јордан со цел да им се помогне на повеќе од 460 илјади бегалци од соседна Сирија.