Србија одбележува 14 години од НАТО бомбардирањата

Денеска во Србија се одбележува 14 годишнината од почетокот на НАТО бомбардирањето врз земјата. Се проценува дека за време на нападите, кои траеа 79 дена загинале од 1200 до 2500 лица, а 12 500 беа повредени, при што беше предизвикана материјална штета од 100 милијарди долари.
Бомбардирањето заврши на 19 јуни во 1999 година со потпишување на Косовскиот договор и усвојувањето на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.