Истрага во домот на рускиот тајкун Березовски

Рускиот тајкун Борис Березовски

Британската полиција соопшти дека хемиски, биолошки и нуклеарни експерти го истражуваат домот на рускиот тајкун Борис Березовски, каде вчера беше пронајден мртов. Според соопштението, експертите биле распоредени како мерка на претпазливост за да се заштитат полицајците кои го истражуваат случајот. Телото на Березовски се уште се наоѓа во неговиот дом во близина на Аскот. Полицијата претходно соопшти дека се уште не се познати причините за неговата смрт.
Березовски живееше во егзил во Вели Британија и беше познат како долгогодишен критичар на рускиот претседател Владимир Путин.