Американскиот Сенат го одобри предлог-буџетот на демократите

Американскиот Сенат го одобри предлог-буџетот за наредната година во висина од 3,7 билиони долари, во кој се вклучени и речиси еден билион долари зголемување на даноците во претстојната деценија. Предлогот поддржан од Демократската партија на претседателот Барак Обама беше донесен изутрината со тесно мнозинство од 50-49. Покрај зголемувањето на даноците во вредност од околу 975 милијарди долари, буџетот треба да се скрати за речиси подеднаква сума. Кратењата најмногу ќе се одразат на здравството и на одбраната. Сепак, за да стапи во сила предлог буџетот треба да биде одобрен и од Претставничкиот дом, каде што републиканците имаат мнозинство. Конкурентскиот предлог буџет кој беше одобрен од Претставничкиот дом предвидува да нема зголемување на даноците.