Обама го посети Меморијалот Јад Вашем во Ерусалим

Американскиот претседател Барак Обама денеска пристигнува во Јордан од Израел како последна дестинација во рамки на неговата регионална турнеја. Обама и кралот Абдулах се очекува да разговараат за влијанието на сирискиот конфликт врз Јордан каде има околу 350 000 бегалци од Сирија. Обама и Абдулах, чија земја е сојузник на САД, треба да разговараат и за израелско - палестинскиот кофликт. Претседател Барак Обама денеска пред патот за Јордан, заедно со премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху го посети и Меморијалот на Холокаусот Јад Вашем во Ерусалим.