Кинескиот претседател Кси Џинпинг во посета на Русија

Новиот кинески претседател Кси Џинпинг е во Москва,што претставува негова прва посета на странска земја откако ја презеде функцијата.Спроти почетокот на три дневниот престој на кинескиот лидер, преседателот Владимир Путин изјави дека релациите меѓу Кина и Русија никогаш не биле подобри алудирајќи на билатералните релации и на врските во трговијата во последните пет години.Фактот што Кси стана претседател на партијата минатиот ноември,а претседател минатата недела, и ја одбара Русија како прва странска земја што ќе ја посети,зборува за стртешкото партнерство меѓу двете земји, рече Путин. Се очекува во фокусот на разговорите да биде трговијата и увозот на гас.