Прелиминарно обвинение против Саркози поради донација

Против поранешниот француски претседател Никола Саркози поднесено е прелиминарно обвинение поради сомневање дека примил незаконска донација за својата изборна кампања во 2007 година од најбогатата жена на Франција. Ова синоќа го изјави адвокатот Антон Гијо за медиумите. Тој кажа дека судијата Жан Мишел Жентој во градот Бордо по повеќе месечно сослушување вчера наложил истрага против Саркози, што е само прв чекор до подигнување формално обвинение. Саркози во ноември беше именуван како клучен сведок во истрагата против наследничката на богатството на компанијата Лореал. Лилијан Батанкур.