Исламистичка група презема одговорност за нападот во Израел

Оштетена куќа при ракетен напад во појасот Газа

Иламистичка група презема одговорност за ракетниот напад врз Израел. Властите од земјата соопштија денеска дека две ракети биле истрелани од појасот Газа во градот Сдерот. Нема извештаи за повредени во нападот, но една зграда била оштетена.
Во соопштението на Мајлис Шура Фи Анафбајт-Макдис е наведено дека ракетниот напад бил со цел да им покажат на израелските воздушни сили дека се немоќни да го спречат. Нападот се случи за време на посетата на американскиот претседател Барак Обама на Израел.