Кипар со нов план за спас на земјата

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис изјави дека е постигнат договор меѓу политичките партии за воспоставување на Инвестициски фонд за солидарност како дел од новиот план за спас на земјата. Но, се уште нема детали за тоа како фондот ќе биде конструиран.
Кипарските лидери по средбата која траеше неколку часа се согласија да се откажат од оданочувањето на банкарските депозити. Европската централна банка во меѓувреме им даде рок на властите од Кипар до понеделник да смислат нов план за излез од кризата.