Баросо загрижен за кризата на Кипар

Москва, 21.03.2013

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, кој е во посета на Москва, изрази сериозна загриженост за финансиската криза на Кипар. Токму кипарското прашање е главно на агендата за разговорите на Баросо со рускиот премиер Дмитриј Медведев. Во Москва е и кипарскиот минстер за финансии Михалис Сарис во обид да добие нов заем од Русија.