Кипар со нов план за стабилизирање на финансиската ситуација

Нов план за стабилизирање на финансиската ситуација разработиле кипарската влада и Централната банка со кој се предвидува користење на активите од фондовите за социјално осигурување, јави БТА, според извори од Европската унија. Целта на новиот план е да се соберат 5 милијарди евра, а уште милијарда кипарските власти планираат да добијат преку размена на дел од банкарските депозити со обврзници, кои ќе се плаќаат со приходите од експлоатацијата на подводните наоѓалишта на гас.
Се очекува во текот на денот овој план да им биде претставен на меѓународните кредитори.