Кипар ја негира продажбата на Народна банка

Потапролот на кипарската влада Христос Стилианидис ги демантираше информациите дека била постигната спогодба за продажба на Народната банка на руски инвеститори. Грчките медиуми јавија дека зделката за продажба на Народната банка била склучена денеска во усна форма.
Според аналитичарите, доколку зделката се реализира финансиските потреби на Кипар ќе се намалат за околу четири милијарди евра.