Парламентарни избори во Пакистан на 11 мај

Пакистанскиот претседател Асиф Али Задари

Парламентарните избори во Пакистан ќе се одржат на 11 мај. Според соопштението, претседателот Асиф Али Задари го одобрил датумот, а парламентарниот комитет треба да избере премиер кој ќе ја предводи владата од петок. На изборите за прв пат една цивилна влада ќе ја предаде власта на друг во 66 годишното постоење на земјата.
Пакистан имаше три воени удари и четири пати беше предводен од војската, откако стекна независност во 1947.