ЕК со критика до Ерменија, Азербеџан и Белорусија

Во својот годишен извештај Европската Комисија ги повика ерменските власти да ја засилат работата во спроведувањето на реформите за унапредување на човековите права во земјата. До Азербеџан е упатена остра критика и е потенцирана потребата земјата да направи дополнителни напори за исполнување на обврските во градењето на одржлива демократија во областите како изборниот процес, почитувањето на човековите права и незвисното судство.
Во извештајот на ЕК за Белорусија е нотирано дека земјата не остварила никаков напредок и дека има сериозна загриженост за непочитувањето на човековите права, владеењето на правото и демократските принципи во земјата.