Казанове-кипарската криза не ја загрозува еврозоната

Гласањето во кипарскиот парламент против европскиот план за спас на земјата

Кипарската криза не ја загрозува стабилноста на еврозоната, изјави денеска новиот француски министер за буџет Бернар Казанове, кој ја повика земјата да го обнови дијалогот со кредиторите по отфрлувањето на европскиот спасувачки план од Парламентот. Според него, многу структурни мерки биле преземени за обезбедување на стабилност во еврозоната, што ќе овозможат да се избегне обновувањето на шпекулации.
Казанове порача дека меѓународните кредитори ќе започнат нови преговори со Кипар.