Спасени затрупаните рудари во Полска

Спасувачките екипи успеале да се пробијат до затрупаните 19 полски рудари во еден рудник за бакар кој се наоѓа во близина на полската граница со Германија и Чешка. Рударите биле затрупани на 600 метри под земја откако во рудникот дошло до посилен потрес. Соопштено е дека сите рудари сега биле на сигурно.