Експлозија во Анкара, едно лице повредено

Извршени се два напади во Анкара, едниот врз министертвото за правда а другиот врз седиштетотo на владеачката партија во Турција при што само едно лице е полесно повредено. Локалните медиуми јавуваат дека синоќа биле испукани две гранати. Властите за нападите соопштија дека е одговорна терористичка група без при тоа да наведат повеќе детали за идентификација на истата. Експлозиите доаѓаат на само два дена пред очекуваното примирје со затворениот курдски лидер Абдулах Окалан кој се обидува да воспостави прекин на огнот.