Барак Обама во посета на Израел

Евреин држи во раката транспарент со ликот на Обама на кој пишува „добредојде“.

Американскиот претседател Барак Обама денеска пристигнува во Израел.
Белата Куќа соопшти дека целта на посетата на еврејската држава е зајакнување на односите и посветеноста на САД кон сочувување на безбедноста во земјата. Иранската нуклеарна програма, сириската војна, египетските нермири и палестинските преговори ќе бидат дел од разговорите на Обама со израелскиот претседател Шимон Перес и реизбраниот премиер Бенџамин Нетанјаху.
За време на 4-дневата посета Обама ќе се сретне и со палестистинскиот претседател на Западниот брег Махмуд Абас и саудискиот крал Абдула.