Еврото- прво на удар од кипарската криза

Еврото вчера ослабе во однос на доларот, односно едно евро од 1,294 долари сега вреди 1,287 долари. Неговата вредност е на најниско ниво во последниве три месеци. Како причини за падот на вредноста на еврото се наведува дека е одбивањето на кипарските пратеници да воведат данок на банкарските депозири со што се доведува под знак прашање меѓународната помош за спас на Кипар од економската криза.
Без финансиска помош од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд на банкарскиот систем му се заканува колапс а со тоа и банкрот на Кипар.
По вчерашните случувања забележани се реакции на грчката берза при што
вредноста на акциите се намали за 4 оттсто.
Грчкиот премиер Антонис Самарас повика и итен состанок со коалиционите партнери за да ја разгледааат моменталната ситуација.